Поврзи се со нас

Гостивар

Манифестација во чест на Свети Климент во техничкото училиште во Гостивар

Објавено

на

„На оваа манифестација го чествуваме големото име, ликот и делото на нашиот сесловенски учител, чудотворец, мислител, верниот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент Охридски, кој и денес не‘ потсетува на патот кон светлоста. Да се тргнеме од злото, правејќи добри дела!“, ова беше пораката испратена од одбележувањето на празникот 8 Декември, кое денеска се одржа во средното техничко училиште во Гостивар.

Настанот посветен на Свети Климент Охридски се организираше под менторство на професорките од активот по македонски јазик: Гордана Страшевска, Анѓелина Нофитоска и Верица Ефтоска Илиоска.

Свечената програма беше исполнета со рецитации, реферат, настап на културно-уметничкото друштво „Браќа Ѓиноски“, како и претставување на  музички бенд од средношколци од училиштето. „Македонската песна е симбол на заедништво и сполетност! Таа успеа да спплоти наши талентирани ученици, кои преку звуци и строфи денес испраќаат порака за љубов, непокор, за единство“, беше речено на настанот.

Честитајќи го празникот, директорот на училиштето Бесир Салиу во поздравниот говор наведе:

„Нашето училиште ќе продолжи да чекори по зацртаната патека на високообразовани вредности и да дава квалитетно образование, при тоа ќе продолжиме да го негуваме меѓуетничкиот соживот и почит, едни со други“.

Заменик директорот Марјан Пачавровски истакна дека вредностите од минатото треба да се почитуваат и паметат и да бидат пример за иднината.

„Никогаш да не се заборави минатото, кои служи како патоказ за нашата иднина. Голема е личноста нма Свети Климент, во меморијата на Македонецот тој особено се јавува како прв оригинален словенски писател, просветител и втемелувач на писменоста на македонскиот народ. И не само на македонскиот, туку и на сите словенски народи. Поради него, Македонија претставува симбол на словенската писменост и култура. Затоа наша должност е да го чуваме и негуваме името на овој наш значаен просветител“, рече Пачавровски.

На чествувањето во техничкото училише присуствуваа ученици, професори, гости од другите училишта во Гостивар, како и претставници на институции и организации.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 11 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 11 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 20 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена