Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата во контроли за продажба и употреба на петарди

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово, деновиве значително  ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, но и со користење на огнено оружје на празнични и семејни свечености.

Во таа насока, на трговците, родителите и учениците (основци и средношколци) повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело казниво по член 396 е предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Истото се однесува и кога станува збор за пукање со огнено оружје на различни места и по различни поводи.

Секторот за внатрешни работи Тетово  апелира, особено до учениците од основните училишта, исто така, да не користат пиротехнички средства, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

Во функција на безбедно прославување  на претстојните празнични и други свечености, покрај другото, а со цел навремено информирање на граѓаните, од Отсекот за превенција на СВР Тетово планирани се и до крајот на мсецот ќе се организираат состаноци, односно средби со советодавните групи на граѓани. Покрај тоа, ќе се дистрибуираат и поголем број флаери и плакати со пораки „Не користи пиротехнички средства“.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 51 минута

Како гласаше Гостивар на изборите за пратеници

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Првични резултати од претседателските избори од 57,23% обработени гласови

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Првични резултати на парламентарните избори од 40,7% обработени избирачки места

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Дафина Стојаноска, носителка на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ-6

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Талат Џафери, технички премиер

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Изјава на кандидатката за претседател на државава, Гордана Силјановска – Давкова

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена