Македонија
Шаќири: Зимскиот распуст продолжен заради подобро функционирање на училиштата
Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири.
Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни.
-Нема целосна работна недела, се работи за два односно три работни дена за одредени ученици. Требаше да се почне во среда, четврток е празник, да се продолжи во петок. Заради подобро функционирање на училиштата, одлучивме да се почне од понеделник, истакна Шаќири.
Во однос на загубените наставни часови во првото полугодие во училиштата каде што беа пратени пораки за наводно поставени бомби, тој рече дека онлајн настава не е решение на проблемот бидејќи учениците повторно ќе треба да се вратат во училиштата и очекува сторителите да бидат откриени.
-Затоа инсистирам докрај за физичко присуство на настава и побрзо да се најдат виновниците на лажните дојави за бомби, изјави Шаќири по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ