Вести
МО на Русија: Ослободувањето на Соледар е завршено
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека градот Соледар кој се наоѓа во регионот Доњецк, во источниот дел на Украина е под целосна нивна контрола.
„Вечерта на 12 јануари беше завршено ослободувањето на градот Соледар, што е важно за продолжување на успешните офанзивни операции“, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Воспоставувањето контрола над Соледар овозможува да се пресечат патиштата за снабдување на украинските војници до Артемивск, а потоа да се блокираат и создаде „котел“ на преостанатите украински војници таму. Заземањето на Соледар стана можно поради постојаното огнено уништување на непријателот од авијација, ракетни сили и артилерија“, додаваат од Министерството за одбрана.
Иако до сега не се споменуваше многу во јавноста, градот Соледар се најде во центарот на вниманието поради големата борба меѓу руската паравоена група Вагнер и украинската армија за контрола на овој град. Според тамошните медиуми заземањето на Соледар е изведен со опколување на градот и во централното подрачје неофицијално се заробени околу 300 украински војници кои одбиле да се предадат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените