Поврзи се со нас

Занимливости

Трите основни особини на психопатите

Објавено

на

Дејвид Вилсон, професор по Криминологија на Универзитетот на Бирмингем, говори за главните особини и својства на психопатите и зошто на некои луѓе им се симпатични и ги привлекуваат. За „Дејли мејл“, тој вели дека веројатно сите сме сретнале по некој што би можел да се класифицира како психопат.

Имено, криминологот појасни дека приближно еден од 100 луѓе е можен психопат.

Психопатијата е растројство на личноста. Тоа не е ментална болест. Обично се одликува со три особини или начини на однесување, но проблемот е што често може да биде привлечна за луѓето, вели проф. Вилсон.

Според него, првата особина на психопатското однесување е тоа што овие луѓе прават работи што другите не би се осмелиле да ги направат.

Поради ваквото однесување тие често се во средиштето на вниманието и така привлекуваат многумина… Како второ најбитно нешто – психопатите не можат да чувствуваат емоции. Тие навистина немаат емоции. Можеби го знае зборот „тага“, а можеби го знае и зборот „љубов“, но не чувствува ни тага, ниту љубов, вели стручњакот.

Последната, трета особина на списоков е интелигенцијата. Според проф. Вилсон, психопатите го кажуваат и прават она за што се способни само еден отсто од луѓето во светот и токму тоа е причината зошто луѓето сакаат да се зближат со нив и зошто тие луѓе се толку привлечни.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена