Гостивар
Не пропуштале пешаци, си добиле казни-Контрола во Гостивар
Секторот за внатрешни работи Тетово нагласува дека континуирано презема мерки и активности за поголема безбедност на тетовско-гостиварското подрачје. Вчера (16 февруари) од 10 до 14 часот била спроведена акциска контрола, дали и колку од возачите им даваат предност, односно првенство на пешаците, во која се откриени и санкционирани вкупно 28 прекршоци (Тетово-20 и Гостивар-8). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на непропуштање на пешаците на обележани пешачки премини.
Покрај ова, санкционирани, исто така, биле и 9 други видови сообраќајни прекршоци. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 20 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од прекршителите и со времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно укажување до возачите задолжително да им даваат предност на пешаците и секогаш да ги пропуштаат, а посебно да внимаваат на улиците каде нема обликувани тротоари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ