Поврзи се со нас

Гостивар

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Објавено

на

Во Гостивар вечерва по 11-ти пат се одржува манифестацијата „Вешта жена“, настан кој спојува кулинарство, креативност, дружење, забава, заедништво. Натпреварувачките се претставуваат со оригинални трпези со предјадење, главно јадење и десерт и ги декорираат на уникатен начин. Оваа година организаторките решија настанот да биде посветен на љубовта.

„Главната поента годинава ни е да ја потенцираме важоста на љубовта, значи ставаме  голем акцент на љубовта. Некако како да ја изгубивме смислата на живеењето, во однос на тоа што им е потребно на луѓето, но сфативме и со пандемијата и после тоа, дека не е се‘ само во парите, туку мора да има љубов. Сите овие натпреварувачки со своите маси докажуваат дека за се‘ треба љубов. Се‘ е со едно такво големо внимание, за воодушевување“, истакна Снежана Стојановска-Жана, претседателка на здружението Вешта жена.

Мира Србиноска, организаторка на Вешта жена во Гостивар изрази големо задоволство од интересот на гостиварки да учествуваат и да ги покажат своите вештини и умеење за подготовка на специјалитети и декорации.

„Интересот е многу голем, секоја година гледаме дека имаме нови натпреварувачки кои сами се пријавуваат за учество, што значи гостиварки го сакаат готвењето и се многу креативни. Идеите си ги осмислуваат самите и навистина може да се оцени дека се на едно високо ниво“, рече Србиноска.

Во натпреварувачки дел за Вешта жена на Гостивар 2023 учествуваат:

Илирида Абази со трпеза „Љубовта на Шрек и Фиона“

Јулијана Златаноста со трпеза „Жена посилна од камен, понежна од цвет“

Билјана Максимоска со трпеза „Ден на љубовта, Св.Валентајн“

Марица Наумовска со трпеза „Св.Трифун, заштитник на грозјето и виното“

Во категорија Гран при учествува Елизабета Питулкова со трпеза „Танго“

Победничката на општинското натпреварување ќе го претставува Гостивар на Републичка Вешта жена 2023.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 7 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 18 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 18 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена