Занимливости
„Продавница на чесноста“ во Швајцарија
Гимелвалд е мало село во јужна Швајцарија, на надморска височина од 1.363 метри, до коешто се стигнува само со жичарница. Токму овде се наоѓа и „Продавницата на чесноста“, што според официјалната интернет-страница на пансионот во чиишто рамки таа работи, е прва од ваков вид во Европа.
„Оваа ‘Продавница на чесноста’ е првиот селски трговски објект во Швајцарија и Европа што целосно зависи од довербата и чесноста на купувачите. Самите го земате она што го сакате, ставате соодветна сума пари во плико, го ставате во приложената кутија за чесност и се чувствувате добро поради тоа!“, се вели во описот на пансионот „Гимелвалд“.
Оваа продавница нема продавачи, камери, ни каков било надзор. А, тука се нуди домашна рачна изработка, сувенири, храна и пијалаци. Многумина на интернет-просторот го фалат тој концепт, а други пак, велат и оти имаат слични продавници или фарми, како и дека тоа најверојатно нема да функционира на некои други места.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок