Гостивар
Во библиотеката во Гостивар денес попуст на членарина и подарок книга
Градската библиотека при Центарот за култура АСНОМ во Гостивар реши да ги почести љубителите на литературата со подарок и попуст на членарината. Од таму информираат дека за секој заинтересиран читател кој ќе ги посети денес (24 април) обезбедуваат 50% пониска годишна членарина и една книга како подарок. Повод за ваквата акција на библиотеката е Светскиот ден на книгата кој се одбележува секоја година на 23 април.
Гостиварската библиотека датира од 1953 година, а била основана под името Градска библиотека „Вук Караџиќ“. Установата неколкупати ја менувала локацијата. Така, најпрво била сместена во центарот на градот близу некогашното мало пазарче, а во 90-тите години била преместена во Центарот за култура, во задниот дел на објектот. Пред неколку години, библиотеката е префрлена во простории на вториот кат во Центарот, каде функционира и денес.
Библиотеката работела како самостојна установа до 2004-та година, кога станува дел од Националната Установа Центар за Култура „АСНОМ“ – Гостивар, под надлежност на Министерство за култура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ