Поврзи се со нас

Македонија

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица за да се откупи домашното производство

Објавено

на

Од Националната федерација на фармери (НФФ) денеска побараа да се забрани увоз на пченицата за, како што рекоа, да може да се откупи домашното производство. Мемет Синани, член на Управен одбор на НФФ истакна дека оваа година имаат проблем со откупот на пченицата и на земјоделците им стојат околу 10.000 тони неоткупена пченица. Тој посочи дека цената е падната, меѓутоа, како што вели, и ова количина не се откупува.

– Бараме помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тоа значи да се забрани увоз на пченица за да може да се откупи нашата пченица. Другиот дел е за субвенциите. Оваа година почна новиот модел на субвенционирање. Ќе видиме како ќе излеземе на крај. Тоа е 30 отсто однапред даден аванс, така рече министерот. Еве во тек е сеидбата на пченка и на други култури, а тие 30 отсто не се дадени. Во мојата општина од околу 30 000 жители, дадени се само 187 картички за нафта. Задоцниле од сите страни. Би требало на терен да работат земјоделските инспектори. Имаше некои изјави дека земјоделските производи биле многу скапи. Земјоделските производи не се скапи. Земјоделецот не може да ги покрие своите трошоци, но патот до крајниот потрошувач трикратно се зголемува цената, рече Синани.

Тој потенцира дека тие побарале уште пред неколку години откупот на пченица за стокови резерви да почне од денот кога почнува жетвата во нашата земја и да се откупи од нашите производители, а не од странство.

– Затоа ако е кај нас е 19, имам некоја информација дека е донесена пченица по 28 денари за државните стокови резерви. Директоратот на стокови резерви ќе почне да дава на мелничарите по една ептен ниска цена и тука ни паѓа и цената на нашата жетва. Јас мислам и претпоставувам дека оваа година ќе имаме ниска цена на пченицата, рече Синани.

Стеванче Јордановски, член на Управен одбор на НФФ рече дека со години имаат проблеми со откупните цени и со недоговореното производство.

Тој информира дека годинава НФФ спроведува пилот проект поддржан „We Effect“ и Шведска агенција за развој во чии рамки 20 земјоделци членови на Федерацијата пред самата сеидба потпишаа договор за производство на пченица на осум хектари и добија сертифициран семенски материјал за таа површна.

– Во овој договор имаме и површина и количина. Цената е ставена да се одредува во однос на берзата како ќе биде во моментот, рече Јордановски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 3 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 4 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 5 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 16 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 18 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 21 час

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 23 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 1 ден

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена