Спорт
Ограбен домот на фудбалерот од Гостивар Мустафи, штетата се проценува над 1 милион евра
Шпанскиот весник Леванте-ЕМВ во вторникот објави дека во Бетера, на дваесетина километри од Валенсија бил ограбен домот на германскиот репрезентативен дефанзивец, кој настапуваше во Арсенал (2016-2021) и пристигна во Леванте минатото лето, Шкодран Мустафи.
Мустафи бил во својот дом со сопругата и синот, кога тројца маскирани лица преку балконот упаднале во неговиот дом, се проценува дека го пребарувале неговиот имот околу 30 минути пред да се разбуди, по што побегнале. Никој од семејството Мустафи не бил повреден.
Дванаесет луксузни часовници од брендот Rolex, Patek Philippe и Audemars Piguet во вкупна вредност до 800.000 евра, осум чанти Шанел, Хермес и Луј Витон во вредност од 48.000 евра, прстени, нараквици и дијамантски обетки (280.000 евра) и 11.000 евра готовина биле одземени од домот на фудбалерот.
Шкодран Мустафи е роден во Бад Хесфелд Германија, но неговиот татко е родум од гостиварското село Србиново.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар