Поврзи се со нас

Спорт

КК Гостивар има 1-0 против Работнички во разигрувањето за титула

Објавено

на

КК Гостивар ја продолжи низата на натпревари без пораз на домашен терен и во четвртфиналната серија од плеј-офот која започна вчера, а за противник го има Работнички.

Гостиварци веќе имаат предност од 1-0, откако вчера пред своја публика во Младост ја совладаа екипата на Работнички со резултат 76-69.

Дуелот започна изедначено, но и доста ефикасно на двете страни, двете екипи повеќе беа сконцентрирани на нападот што донесе атрактивна кошарка во првиот дел, во која подобро се снајдоа домаќините и на полувреме имаа +4 поени предност, при резултат 41-37.

Во вториот дел грузиецот од редовите на Гостивар, Георги Корсантија ги зеде работите во свои раце, како под својот кош така и по кошот на противникот. Со вкупно 26 поени, 14 скока, 2 асистенции и индекс 36 беше најефикасен на натпреварот и нерешлива енигма за избраниците на Димитар Мираковски, пресуден икс-фактор кои останатите играчи на Гостивар знаеа како да го искористат, и во последните минути кога Работнички резултатски се врати во игра, Корсантија со неговите 2 плус 1 не дозволи драма во Младост. КК Гостивар ја запиша првата победа во четвртфиналната пресметка, добивајќи го натпреварот 76-69.

Ефремовски и Вучковиќ беа вистинска поддршка на расположениот Грузиец кои постигнаа по 17, а Жигон запиша 13 поени. Некогашниот „гостиварец“, Ѓелетовиќ беше најдобар кај Работнички со 23 поени.

Следниот дуел во кој екипата на Работнички нема право на грешка е закажан на средина од следната недела во Скопје.

Во втората четвртфинална пресметка Еуроникел славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје 62-70, денес играат Пелистер – Феникс 2010 и МЗТ Скопје – Кожув.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 9 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 13 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 18 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 19 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 20 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена