Поврзи се со нас

Вести

Над милион странски туристи во Албанија во првиот квартал од годинава

Објавено

на

Во првите три месеци од годинава Албанија  ја посетиле над милион странци, со што се потврдија позитивните очекувања на туристичките оператори, јави државната агенција АТА.

Официјалните податоци на Институтот за статистика, покажуваат дека само во март бројот  на странски државјани бележи раст за над 39 отсто, споредено со истиот месец минатата година.

Трендот на странски посетители во првиот квартал покажува висок интерес кај посетителите од Азија, двојно зголемен во споредба со пред една година.

„Во меѓувреме, забележителен е пораст на посетителите од Јужна, но и од Централна Европа. Шпанија покажува  поголеми бројки за организиран туризам, додека Италија има зголемен интерес за индивидуални посетители. Дури и кај туристите од Полска, кои се најбројни кога станува збор за  организиран туризам во земјава, има зголемување на резервациите во однос на авансни договори со гаранции“, наведува агенцијата.

Според ИНСТАТ во март 2023 година, регион со најголем број странски државјани кои влегле во Албанија е европскиот со 369.935 граѓани, а потоа следат Америка и Источна Азија/Пацифик, со 8.952 односно 2.183 граѓани.

Минатата година во Албанија престојувале 7,5 милиони странски туристи што се оценува како рекордна. Нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 13 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 16 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 16 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена