Поврзи се со нас

Македонија

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека не заработуваат доволно за покривање на трошоците

Објавено

на

Над 60 проценти од граѓаните опфатени со анкетата што за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), изјавиле дека нивните месечни приходи не им ги покриват потребите кои ги имаат за еден месец, додека 34,6 отсто рекле дека заработуваат доволно за да си ги покријат трошоците.

Споредено со истражувањето на (ИПИС) на истата тема спроведено пред три години, процентот на граѓани кои изјавиле дека не можат да си ги покријат месечните трошоци се зголемил за 1,5 процентни поени, а за исто толку поени е зголемен и процентот на оние кои рекле дека заработуваат доволно за покривање на потребите во текот на еден месец.

Анализирани според полова структура, жените сметаат дека имаат поголем проблем да заработат доволно за да си ги покријат месечните трошоци. Така, 65,3 отсто од анкетираните жени рекле дека не заработуваат доволно за да ги покријат месечните трошоци, а со таков проблем се соочуваат 56,3 проценти машките испитаници. Од друга страна, 39,5 отсто од анкетираните мажи рекле дека месечните приходи им ги покриваат трошоците, а таков одговор дале 29,9 проценти од жените.

Во однос на прашањето за можноста за подигнување кредит во земјава, 47,8 проценти од анкетираните изјавиле дека „не е тешко да се земе кредит“, а 31 отсто се со спротивно мислење. Дури 63,1 отсто од испитаниците изјавиле дека не користат кредити, а оние кои користат најчесто се одлучуваат за потрошувачки кредит. Ваков кредит користат 20,3 проценти од анкетираните, 8,2 отсто имаат станбен кредит, 2,6 проценти автомобилски, а 2,1 отсто подигнале брз кеш кредит.

Истражувањето покажува дека станбени кредити најчесто користат брачни парови на возраст од 30 до 39 години, потрошувачки кредит граѓаните во возрасната категорија меѓу 40 и 49 години, а за брз кеш кредит најмногу се определуваат невработените и студентите. Речиси две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за тоа нема потреба.

Анкетата е спроведена врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 2 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 5 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 7 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 10 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 10 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 12 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 12 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 24 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена