Македонија
Светски ден на медицинските сестри
Денешниот датум, 12-ти мај е Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари, а се одбележува секоја година во знак на сеќавање на роденденот на Флоренс Најтингеjл, која се смета за пионер на модерното сестринство во светот
Флоренс Најтингеjл е родена во Фиренца, Италија на 12 мај 1820 година. Целиот свој живот се борела за унапредување на својата професија и правата на жените. По завршување на школувањето се пријавила за заминување во Турција каде што заедно со уште 38 медицински сестри се грижела за ранетите војници. Тоа била првата група на жени медицински работници на фронт. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.
По повод 12-ти мај Унијата на здруженија предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ денеска организира Свечена академија. Традиционално, ќе бидат доделени признанија за најхумани медицински сестри избрани од институциите во кои работат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот