Регион
Големи протести во Белград, илјадници граѓани против насилството
Вчера во Србија се одржа масовен протест каде илјадници луѓе излегоа на улиците во Белград, изразувајќи го своето незадоволство од зголеменото насилство во земјата, под слоганот „Србија против насилство“. Тамошните медиуми пренесуваат проценки дека ова е најголемиот протест во последните 10 години.
Протестот се одржа во мирна атмосфера, во голема тишина, во форма на протестна прошетка од Народното собрание до мостот Газела, кој беше помасовен од протестот во понеделник, а колоната на повеќе десетици илјади граѓани во протестната прошетка во еден момент почнуваше од Народното собрание, долж целиот булевар Милош Велики, па се до мостот Газела, кој два часа беше блокиран за сообраќај.
Протестот беше најавен како непартиски за сите граѓани и организации кои сакаат да ја поддржат борбата против насилството, без поделби, без партиски обележја.
Толпата извикуваше „Оставка“ и „Вучиќ оди си“.
Лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ, вчера напиша дека актуелната власт мора да си оди бидејќи, како што наведе, тие имаат апсолутна власт повеќе од 10 години и затоа мора да имаат апсолутна објективна одговорност за се што се случува во Србија.
Претходниот протест на граѓаните и дел од опозицијата се одржа на 8 мај, а на него демонстрантите изнесоа неколку барања, меѓу другото: итно да престане промовирањето на насилството во медиумите и јавниот простор, вклучително и разрешување на Советот на регулаторното тело за електронските медиуми, како и затворањето на печатените медиуми и таблоидите кои промовираат омраза и насилство и континуирано го кршат новинарскиот кодекс, како и одземањето на националните фреквенции на телевизиите кои промовираат насилство како ТВ Пинк и Хепи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ