Поврзи се со нас

Деца Родители

Како на детето да му се објасни разводот, а да се избегнат последици?

Објавено

на

Децата никогаш не сакаат родителите да им се разведат, и секогаш разделбата децата ги прави тажни и повредени. Многу е важно да не се крие вистината, да не се потценува ситуација со цел привремено да се заштитат чувствата на децата. При тоа треба да се знае дека децата не размислуваат како возрасните, процесот на тага кај децата е многу поразличен одошто кај возрасните. Децата размислуваат и чувствуваат многу длабоко, но на поразличен начин од возрасните, а своите чувства ги искажуваат преку однесувањето и физичките симптоми.

Многу е важно детето да има доволно време да го прифатат фактот на разделба на родителите. На детето не треба да му се соопшти дека нивниот свет ќе им се распадне, а при тоа да не им се даде доволно време и простор да се навикната на така драстична информација. Најпогоден момент да им се соопшти таа информација е кога детето нема да има обврски во наредните неколку дена, со цел да може да постави прашања, да го разјасни она што го збунува, да се исплаче. Двајцата родители треба да бидат присутни и да разговараат со детето.

Родителите треба сериозно да ја сфатат својата родителска одговорност, да ги тргнат настрана своите чувства и да разговараат со децата смирено и рационално само на таков начин детето помалку ќе се плаши и ќе биде спремно за иднината. Најдобро е родителите да му признаат на детето дека се одделиле еден од друг, но дека детето и понатака го сакаат исто како и секогаш и дека секогаш за него ќе бидат негови родители. Детето ќе се чувствува безбедно доколку и двајцата родители се тука да им ги соопштат плановите за иднина .

Најдобар начин на децата да им се соопши нешто што не сака да слушне е да им се каже најискрено и наједноставно. На некои прашања не може да им се одговори и децата ќе мора да се задоволат со фактот дека родителите даваат се од себе да ги средат работите и дека ќе им дадат одговор тогаш кога ќе го имаат. На детето мора да му се каже каде живее другиот родител,, кога и колку често ќе го гледа и како ќе ги одржува врските со него.

Децата ќе имаат многу различни чувства и многу различни моменти и никогаш нема да разберат се одеднаш. Кога се во шок децата не се во состојба да слушнат се што ќе им се каже, така да детето во почетокот ќе прими само мал дел од информациите, а ќе ги отфрли оние информации кои се премногу болни за да ги прифати. Во секоја развојна фаза детето ќе има потреба повторно да го анализира она што се случува и повторно да го интерпретира еден од најважните случувања во животот. Како расте на различен начин ги разбира работите, родителот треба внимателно да ги слуша неговите прашања и искрено да одговори на нив во согласност на неговата возраст.

Родителите потребно е да бидат емотивно достапни за децата, децата треба да знаат дека може да рачунаат на родителите во било кое време кога се во невоља. Детето интуитивно знае кога нема кој да му одговори на прашањето  па тогаш може да се повлече, па така чувствата да останат скриени во него .

Секое дете подеднакво ги сака и мајката и таткото, па доколку родителите во процесот на разводот зборуваат лошо еден за друг детето ќе биде збунето. Важно е родителот да го задржи тонот со кој му соопштува на детето дека е сакани и секогаш ќе биде сакано. Доколку на детето му се даде можност да има ментална престава за добар родител, повеќе ќе се сака себе и ќе има позитивна слика за себе. Доколку родителите зборуваат добро еден за друг на детето ќе му дадат најубав подарок и можност да воспостават топол однос и со мајката и со таткто.

Децата најдобро ќе функционираат доколку емотивно и психички се поврзани со двата дома , така детето ќе смета дека има два дома во кои се добродојдени и среќни. Важно е секој родител да му даде на детето слобода и да ги охрабри другиот дом да го чувствуваат како свој, па дури и да го натераат детето да верува дека тоа што има два дома е преднос во разводот.

Како децата растат и се развиваат така почнуваат и да се осамостојуваат. Децата од разведени родители многу често запаѓаат во уште една замка, како растат децата ќе сакаат да бидат како и сите други деца да се дружат, повеќе да бидат надвор одошто дома, а со тоа и времето што треба да го поминат со родителот ќе биде скратено. Доколку родителот љубоморно го чува времето кое ќе го помине со своето дете и инсистира на тоа, ќе го оттргне детето од себе или ќе го спречи да има независен живот кој што му е потребен. Но паметните родители ќе ги преќутат своите потреби и ќе му дадат на детето поддршка и слобода која што ја заслужува за да зачекори во својот живот.

 

Следно во Советувалиште ќе читате: Што родителите треба да избегнуваат во однос на децата при разводи?

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство,

Центар за социјална работа – Гостивар

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 11 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 22 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 23 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 дена

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена