Македонија
УЈП: Рокот за годишните даночни пријави истекува на крајот од овој месец
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници – физички лица дека рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година истекува на 31.05.2023 година (среда). Заклучно со овој датум граѓаните треба да извршат потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за доходот кој го оствариле во текот на 2022 година.
Потврдата или корекцијата на ГДП се врши електронски на системот е-Персонален данок, каде сите регистрирани корисници на своите кориснички профили може да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат. По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП– потврдена или коригирана.
„На 01.06.2023 година службено ќе бидат потврдени Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава која што граѓаните ја коригирале, а добиле статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данок на личен доход за 2022 година. Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати)“, соопштуваат од УЈП.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ