Гостивар
Реактивирање на зонскиот паркинг во Гостивар наскоро, се поставуваат табли со новите цени
Зонското паркирање во Гостивар повторно ќе биде ставено во функција наредниот период, најавуваат од градското јавно претпријатие за Паркинзи и зеленило. Граѓаните ќе ги користат предвидените паркинг места по покачени цени, согласно одлуката донесена на Совет на крајот на март годинава.
„Паркингот повторно ќе функционира на истиот принцип како и претходно. Советот на општината усвои покачување на цените, тоа е случај и во другите градови, не само во Гостивар. Ќе се активираат и блокаторите. Значи, кој нема да плати за паркинг, ќе се постават блокатори на возилото.“, вели директорот на претпријатието, Џелал Луши, додавајќи дека со ставање ред во паркирањето ќе се растовари сообраќајниот метеж.
Според најавите зонскиот паркинг ќе се реактивира следната недела, со три дена тест период, кој ќе биде искористен за адаптирање на системот и информирање на граѓаните. Изминатите денови, веќе се поставуваат табли со новите цени на зонското паркирање во Гостивар. Во првата зона (централното градско подрачје) еден час зонски паркинг од 25 денари поскапува на 40 денари. Во втората зона (периферно подрачје) цената се покачува на 30 денари за час.
Според одлуката на Советот, освен зонското паркирање, се зголемува и цената на пајак службата, од 1.600 денари на 2.000 денари. Доколку возачот го оставил возилото на место предвидено за лица со попреченост, пајак службата ќе ја плати 3.000 денари.
Јавното претпријатие за Паркинзи и зеленило во Гостивар менаџира со вкупно 850 паркинг места.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!