Спорт
УЕФА и Јувентус се договорија, „старата дама“ исфрлена од Европа
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и челниците на Јувентус постигнаа договор италијанскиот клуб следната сезона да не игра во европските натпреварувања, објави весникот „Кориере дело спорт“.
Италијанскиот весник тврди дека Јувентус побарал, а УЕФА прифатила клубот да биде исфрлен од Конференциската лига следната сезона.
Од Торино побараа сега да бидат казнети за да немаат проблеми да играат во Лигата на шампионите во сезоната 2024/25, под услов да бидат меѓу четирите првопласирани клубови во Серија А.
УЕФА размислуваше за казна за Јувентус поради кршење на финансискиот фер-плеј, а во Торино стравуваа дека таа може да биде остра, па на овој начин избегнаа можни потешки санкции.
На местото на Јувентус, се додава во текстот, во Конференциската лига ќе учествува Фиорентина, која минатата сезона заврши на осмото место во Серија А, а неодамна играше во финалето на тоа натпреварување во кое беше поразена од Вест Хем.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница