Занимливости
За некој ден ќе полни 101 година и сѐ уште го работи она што ја прави среќна
Џејн Барнс од САД за неколку дена ќе има 101 година, па го споделува својот рецепт за долг и среќен работен век. Имено, таа четирипати неделно наутро се вози по 20 минути од нејзиниот дом во Синсинати до Мејсон, Охајо, за својата кратка смена во дуќанот каде што е вработена 26 години и тоа ѝ е еден од омилените начини да си го минува времето.
„Уживам во ова што го работам и сакам да продолжам со тоа. Ќе работам додека можам или додека ме сакаат овде“, изјави Барнс за „Си-ен-би-си“.
Џејн првично работела како книговодителка, пред првите обиди за пензионирање во 70-тите. Но, по неколку месеци во пензија, таа повторно почнувала со работа, бидејќи ѝ „недостигал ручекот со колегите“, како што вели. Таа на 26 јули ќе наполни 101 година. Во текстилната работилница почнала да работи по смртта на нејзиниот сопруг Дик. Ќерка ѝ Дона тогаш работела со скратено работно време и ја препорачала мајка сѝ, за да ѝ биде корисно по смртта на сопругот.
„Запознавам и многу љубезни купувачи. Некои од нив се изненадени кога ме гледаат на маса како сечам текстил,“ додаде таа.
Џејн смета дека нема тајна за долг и среќен живот, но работата ѝ помогнала во тоа… Како што вели, важно е да се најдат добронамерни, љубезни и дружељубиви луѓе околу себе.
„Зафатеноста со работа Ве оттргнува од сосредоточеноста на болката. Тоа е она што го олеснува тоа“, рече таа.
А, нејзиниот совет го потврдува и едно 85-годишно истражување на Универзитетот Харвард што посочува дека позитивните меѓучовечки односи се она што ги прави луѓето среќни во животот воопшто, а тоа важи и за односите на работа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница