Поврзи се со нас

Деца Родители

Околу 20 % од децата се пречувствителни…Како да препознаете и реагирате

Објавено

на

Со поимот хиперсензибилно или пречувствително дете, не се мисли на дете кое просто плаче, станува тажно, луто или фрустрирано речиси без потреба….

Како што објави „Тудејс перент“, пречувствителните деца имаат нервен систем што е многу свесен и брзо реагира. Според одредени испитувања, 20 отсто од децата се пречувствителни, посочува психологот Илејн Арон – авторка на книгата „Високо чувствително дете“.

Како што забележува таа, постојат неколку знаци за тоа дека детето можеби е пречувствително. Меѓу нив е високо развиената емпатија. Како што објаснува психологот, овие деца не се само емоционално реактивни, туку и исклучително емпатични. Кога ги гледа драгите луѓе – вознемирени или тажни, тоа често го поттикнува и малечкото да се чувствува исто.

„Исто така, пречувствителните деца премногу размислуваат за работи што им се случуваат или би им се случиле. Тоа може да се види во нивните испитувачки и промислени прашања, нивната прерана употреба на комплицирани зборови откако ќе ги слушнат само неколкупати или во нивната тешкотија да донесат одлука затоа што размислуваат за многуте различни можности“, вели психологот.

Натаму, друг знак дека детето е хиперсензибилно, е ако вообичаените методи на дисциплина едноставно не функционираат за него, поради нивната моќна перцепција и обработка.

„Пречувствителното дете ќе интернализира сè што ќе му кажете и дополнително ќе го засили. Ако му кажеме нешто, тоа го доживува и слуша 10 пати погласно и како 10 пати поснажна закана. Наместо тоа, потребно е секогаш да му се обраќате мирно, но не да реагирате на секој проблем“, додава Арон.

Без разлика дали станува збор за испраќање в соба, викање или казнување, на високо чувствителните деца им треба помалку радикален пристап, советува психологот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 43 минути

Македонија дел од кампања на Амбер Алерт Европа-Како да се постапи при исчезнување на дете

Гостиварпред 1 час

Света архијерејска Литургија во бигорскиот скит во Битуше посветен на браќата Кирил и Методиј

Парламентарни избори 2024пред 2 часа

Гласаат болни, немоќни и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во 7 избирачки места

Македонијапред 3 часа

Одземен имунитетот на врховниот судија Георгиев, одобрен е и негов притвор

Технологијапред 16 часа

Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина

Македонијапред 16 часа

Уапсен судија од Врховен суд поради сомневање за мито

Гостиварпред 18 часа

Ноќеска во Добридол лишени од слобода машко и женско лице поради физичка пресметка

Спортпред 18 часа

Манчестер сити четврти пат по ред шампион на Англија

Македонијапред 19 часа

Поевтинуваат бензините и дизелот

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена