Рецепти
Гурмански ручек: Малку поинакви ќофтиња…похувани и полнети со кашкавал
Додека размислувате што да подготвите за неделниот ручек денес, ѕирнете го овој рецепт, можеби ќе ви „фати око“ . Ако ги имате и потебните состојки дома, тогаш воопшто немојте да се двоумите, засукајте ракави и направете похувани ќофтиња со кашкавал.
Состојки:
650 гр мелено месо
1 кромид
1 јајце
1 лута пиперка
150 гр кашкавал
150 гр презла
Сол, бибер, магдонос
Масло
Подготовка:
Најпрво на малку масло пропржете го ситно исецканиот кромид, па додадете ја сецканата лута пиперка. Откако ќе се пропржи додадете ја смесата во меленото месо, па ставете ги и јајцето, зачините и две-три лажици презла. Добро измешајте.
Намрсете ги рацете и од смесата формирајте топчиња, во средина ставете парче кашкавал па формирајте ќофте. Повторете ја постапката додека не се потроши целата количина. Потоа ќофтињата извалкајте ги во преостанатата презла и пржете ги во тава со загреано масло, од двете страни додека не заруменат.
Може да ги сервирате со салата или било која врска на сос (тартар, сос од печурки, доматен сос итн)
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница