Деца Родители
Екраните лошо влијаат врз комуникативните вештини на децата
Децата кои минуваат часови пред уредите со екрани би можеле да се соочат со побавно решавање на проблемите и побавна комуникација, предупредува ново истражување на Универзитетот Тохоку во Јапонија.
Испитувањата опфатиле над 7 илјади деца и велат дека колку повеќе едногодишните деца гледаат во екран, толку е поголемо влијанието врз нивниот развој. Оние кои гледале телевизија или таблет повеќе од четири часа дневно во текот на првата година од животот доживеале доцнење во развојот. Меѓутоа, кај деца со четири години, социјалните и личните вештини и решавањето проблеми се совпаднале со оние нивните врсници.
Стручните лица забележуваат и дека јазичните вештини на некои деца се подобриле доколку уредите со екрани се користат за образовни цели.
Родителите ги пополнувале потребните прашалници за развојот на нивното дете.
Авторот на студијата, д-р Таку Обара заклучува дека поголемото време пред екранот на возраст од една година е поврзано со развојни доцнења во комуникацијата и решавањето проблеми на возраст од две до четири години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница