Култура
Гостивар ќе го слави Илинден со концерт
Во чест на државниот празник Илинден, во Гостивар ќе се одржи концерт на гудачкиот квартет на познатата македонска виолинистка Пламенка Трајковска. Гостиварци добиваат ретка можност да уживаат во изведбата на делата од албумот на виолинистката „Апасионато“ , кои претставуваат спој на класичната музика од познати композитори и современите музички трендови. Проектот е атрактивен и интересен со оглед на тоа концертот ќе биде надополнет со специјално озвучување, кореографија и видео проекција.
Покрај Трајковска, квартетот го сочинуваат Наташа Диденко на виолина, Сања Смилеска на виола и Магдалена Поповска на виолина.
Настанот го организира Центарот за култура АСНОМ, кадешто и ќе се одржи концертот, во пресрет на празникот, на 1-ви август (вторник) со почеток во 20 часот. Влезот е бесплатен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ