Поврзи се со нас

Вести

Царовска во Врапчиште: Од септември се отвора градинка за згрижување 80 деца

Објавено

на

 

Во објектот на основното училиште во Врапчиште се вршат подготовки за отворање нова детска градинка, која се очекува да проработи од септември. Министерката за труд и социјала, Мила Царовска денес беше во посета на местото да го види текот на работите. Обезбедени се четири занимални за престој на децата, кои во наредниот период ќе бидат опремени со инвентар и други потребни реквизити. Градинката е со капацитет од 80-тина деца, и ќе има групи на трите јазици: македонски, албански и турски.

Во Врапчиште имаме 1347 деца на возраст од 0 до 6 години. Но, опфатот на деца со градинки е нула. И тоа ни се случува во голем дел од нашите рурални општини. Затоа сум среќна што како министер за првпат посетувам, односно ќе отвориме градинка во рурална општина. Оваа градинка е проектирана да опфати 80 деца во четири занимални. Една занимална треба да биде подготвена за дечиња од 0 до 3 години, а три занимални за деца од 3 до 6 години. Групите треба да бидат подготвени за да се организира настава, предучилишно образование, на македонски, албански и турски јазик. Тоа е договорено со општината. И тоа е исто така добар модел за интеграција, едно општество и заедничко живеење, што за мене е посебно важно“, изјави Царовска.

Според градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија овој проект ќе биде од голема помош и корист за младите родители.

Министерката најави дека отворањето на нови градинки е зацртано како приоритет во владините програми за наредните години.

Во програмата на Владата се обврзавме да го прошириме опфатот на деца во градинки и тоа ќе го правиме подеднакво и во рурални и во урбани општини. Токму затоа, до крајот на 2017 година ќе се заврши изградбата и опремувањето на тринаесет детски градинки и ќе имаме зголемен опфат за 682 деца. Оваа тенденција ќе продолжи и во 2018 година. Целта е да обезбедиме рамномерен регионален развој и токму затоа ќе внимаваме и на рурални и на урбани општини, но исто така и на застапеноста на западна, источна, северна Македонија, односно сите региони ќе бидат еднакво покриени и поддржани од Министерството за труд и социјална политика.’’

За опремување на просториите на новата градинка во Врапчиште, Министерството за труд и социјална политика ќе издвои околу 2 милиони денари.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 10 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 21 час

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 21 час

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 дена

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена