Поврзи се со нас

Рецепти

Слатко задоволство на многу генерации: Рецепт за лесна подготовка на туфахија

Објавено

на

Оние малку повозрасни генерации со задоволство се сеќаваат на традиционалните рецепти, што солени, што слатки кои ни ги приготвуваа нашите баби.

Во продолжение ви нудиме еден таков супер деликатес, кој ќе ве врати во детството, а кога станува збор за туфахија, тогаш со сигурност и многу брзо ќе исчезне од трпезата.

Состојки:

  • 10 јаболка
  • 500гр шеќер
  • 500мл вода
  • 150гр мелени ореви
  • сок од лимон
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица ванилин шеќер

Подготовка:

Излупете ги сите јаболка и полека и нежно извадете го централниот дел или издлабете ги јаболката вадејќи ги сите семки.

Во тенџере истурете ги водата, шеќерот и сокот од лимон за да го направите сирупот. Кога ќе зоврие, нежно спуштете го јаболкото. Гответе ги околу 15 минути, само внимавајте да не се распаднат. Кога едната страна е сварена, полека свртете ги на другата страна, доколку не се свртат сами.

Извадете ги јаболката од сирупот и оставете ги да се изладат , по можност на собна температура, а подоцна можете да ги ставите во фрижидер.

За тоа време додека јаболката се ладат, истурете ги оревите со врелото млеко во кое претходно сте го полиле ванилиниот шеќер, па со таа смеса наполнете ги издлабените јаболка.

По желба можете да ги декорирате со шлаг или и да ги чувате во фрижидер до сервирање.

Останатото е вистинско задоволство.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена