Поврзи се со нас

Технологија

Истражување – Сѐ повеќе луѓе страдаат од анксиозност поради вештачката интелигенција

Објавено

на

Алатките за вештачка интелигенција се доста користени во многу компании за да им помогнат на вработените да ги извршуваат секојдневните задачи, што ги прави попродуктивни и поефикасни. Но, покрај тоа што се попродуктивни, некои вработени станаа и позагрижени затоа што ако вештачката интелигенција може да ја заврши својата работа, тоа значи дека еден ден, и тоа наскоро, тие би можеле да ги загубат своите работни места токму поради оваа технологија.

Сепак, за успех на пазарот на труд во иднина, неопходно е да се знае како да се користат алатки базирани на вештачка интелигенција, а вработените ќе мора дополнително да се едуцираат за да можат да ги следат трендовите. И овие трендови се менуваат многу брзо и достапни се сѐ повеќе и повеќе алатки, па притисокот ќе биде врз вработените да ги совладаат навреме.

Вознемиреност со вештачка интелигенција

Таков притисок е веќе присутен, па дури и се користи термин за вработените што се загрижени дека не можат да го следат развојот на оваа технологија и дека заостануваат зад своите колеги во знаењето и употребата на вештачката интелигенција. Се вели дека таквите луѓе страдаат од „анксиозност поради вештачката интелигенција“. Иако немаат доволно знаење за самата технологија и нејзината употреба, тие се преправаат пред своите колеги дека се доста информирани за вештачката интелигенција, што им создава уште поголем притисок.

Дека ова е сѐ поголем проблем меѓу вработените покажа и анкетата спроведена од „Линкдин“ меѓу речиси 30.000 вработени во 18 земји, како што се САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и други.

Според тоа истражување, речиси половина од испитаниците признале дека се загрижени затоа што мислат дека треба да знаат повеќе за вештачката интелигенција отколку што всушност знаат. За речиси 40 отсто од нив вештачката интелигенција е товар и не можат доволно брзо да го следат развојот на оваа технологија, додека 56 отсто од нив признале дека не знаат да користат вештачка интелигенција на работа. За да изгледа дека се во тек со технологијата, околу 40 отсто од луѓето што не се добро запознаени со вештачката интелигенција создаваат впечаток пред своите колеги дека нивното знаење е добро и дека ја разбираат вештачката интелигенција.

Познавањето на вештачката интелигенција, исто така, станува многу важен фактор при аплицирање за работа, бидејќи од воведувањето на „ЧетГПТ“, бројот на огласи за работа во кои се споменува вештачката интелигенција е зголемен за дваесет пати, додека инженерите за вештачка интелигенција се едни од професиите за кои неодамна е забележан најголем раст на пазарот на труд.

Вo соработка со Енаука.мк

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 10 минути

Словачкиот премиер Фицо во животозагрозувачка состојба откако беше пукано во него

Македонијапред 56 минути

Велковски: Сeкое дете ќе добие Европска детска гаранција

Македонијапред 1 час

Самит Македонија 2025: Дијаспората подава рака, неопходно е искоренување на корупцијата и стабилни институции

Македонијапред 3 часа

Жителите на Македонија внесуваат 2,4 пати повеќе сол од препорачаното

Македонијапред 4 часа

Средба Азески-Бехтел и Енка: Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Гостиварпред 4 часа

Неовластено снимен разговор со гостиварец завршил на социјални мрежи

Деца Родителипред 8 часа

Семејство-најмалиот, а најважен градежен блок во општеството!

Македонијапред 9 часа

Православен празник во слава на Св.Атанасиј Велики

Гостиварпред 20 часа

Ново раководство на Клубот на млади на Црвен Крст-Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена