Гостивар
Гостиварецот Крстески со промоција на најновата книга во Скопје
По промоцијата пред гостиварската публика, најновата збирка поезија од гостиварецот Дејан Крстески со наслов „Утрото по крајот на светот“ ќе биде промовирана и во Скопје. Настанот е закажан за во четврток (12 октомври) во Домот на култура „Кочо Рацин“ со почеток во 18 часот.
Во рецензијата за збирката поетесата Ирена Павлова де Одорико пишува:
„И ете, ете го Човекот, кој сака да го убие поетот во себе. Така барем пишува Дејан Крстески, во својата песна: „Убиј го поетот“. Среде една ваква фрапантна самоисповед, испишувајќи ги овие редови, сведок сум на песни што се контрапункт на ултрамиризливи, лесни метафори, украсени со розови машнички. Поезијата од оваа книга под наслов: „Утрото по крајот на светот“ не е воопшто таква. Ниту е додворувачка, за да му се допадне на читателскиот аудиториум, ниту сака да заведе, да искокетира со општи мисли сред тавтологијата од ,,универзални вредности”. Зошто? Затоа што имаме автор кој поезијата ја промовира како персона, со сите нејзини исповедни тонови, бои, созвучја, кои вибрираат свои вистини и жестоки опсервации за стварноста што нѐ опкружува и реалноста на битието, заглавено во сопственото тело и тишина.“
Промоцијата е поддржана од град Скопје и Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Ова е шесто книжевно дело на Крстески, меѓу кои има роман и збирки раскази.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница