Поврзи се со нас

Спорт

Незапамтен пораз на КК Гостивар во дуелот со Еуроникел 67-106

Објавено

на

Екипата на КК Гостивар вчера (15 октомври), го доживеа најсрамниот и најголемиот пораз на домашен терен во својата историја, во дуелот со Еуроникел од третото коло во Првата македонска кошаркарска лига, сезона 2023/24.

Никој жив љубител на кошарката од Гостивар не памети, пораз од 39 поени разлика, на домашен терен, пред свои гледачи, во Спортската сала „Младост“, на која од вчера му е одземен и епитетот „неосвоива“.

Авантуристичкиот пристап со кој КК Гостивар одлучи да се натпреварува во оваа сезона, веќе во 3.коло донесе неславен историски пораз од екипата на Еуроникел со резултат 67-106, и по три кола една од најлошите кош разлики во лигата. Сосема бескорисно е да се прави анализа на вчерашниот дуел, кој домашната екипа го заврши со едвај 15 лични грешки.

Но, таков е спортот носи убави и тешки моменти, сезоната е на самиот почеток и останува надежта дека „бело-сините“ ќе смогнат сили и вратат на победничките патеки, достоинствено претставувајќи го клубот со кој гостиварци се гордеаа години наназад.

Спортски е и да се спомене, Мекевен со 17, Соколов 16 и Белкшер со 15 поени беа најзаслужни за убедливата победа на кавадарчани во вчерашниот натпревар. Екипата на Еуроникел остана без главниот спонзор на неколку недели пред почетокот на првенството, во еден момент ги ослободи сите играчи и откажа учеството во Првата лига.

Во следното коло КК Гостивар му гостува на повратникот во првата лига ГКК Охрид.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена