Поврзи се со нас

Занимливости

Кој е најубавиот град во Македонија? Видување на лондонско списание

Објавено

на

Специјализираното електронско списание „Енерџипортал ЕУ“ со седиште во Лондон, објавува текст посветен на убавините на Македонија, откривајќи некои од туристичките адути со кои располага земјата и активностите што би можеле да бидат интересни за секој гостин што ќе престојува тука.

Авторот на текстот појасува дека е мала земја сместена во срцето на Балканот, е позната по својата богата историја, прекрасните пејзажи и шармантните градови. На прашањето што самиот си го поставува, авторот пишува дека „со толку многу живописни дестинации за избор, може да биде тешко да се одреди кој град ја носи титулата за најубав“. Сепак, како град што сепак се истакнува тој го издвојува Охрид“.

За Охрид тој вели дека е скапоцениот камен на Балканот. Сместен на брегот на Охридското Езеро, Охрид е место за светско наследство на УНЕСКО познат по својата природна убавина и историско значење. Градот може да се пофали со уникатен спој на античка архитектура, улици со калдрма и воодушевувачки поглед на езерото и околните планини. Неговиот добро сочуван средновековен стар град е ризница на византиски цркви, вклучувајќи ја и иконската црква „Свети Јован“ во Канео, која нуди панорамски поглед на езерото.

Според авторот, комбинацијата од прекрасни природни пејзажи, богата историја и архитектонска убавина го издвојува Охрид од другите градови. Неговата уникатна локација на Охридското Езеро го дополнува неговиот шарм и им нуди на посетителите спокоен и живописен амбиент.

Авторот на текстот уште пишува дека има многу други убави градови, како што се Битола, Скопје и Прилеп. Секој град има свој посебен карактер и атракции поради што, како што вели, вреди да се истражува и настрана од Охрид.

На посетителите на Охрид тој им препорачува низа активности за целосно уживање. Од прошетки низ Стариот град и неговите историски места, до капење во кристално чистите води на Охридското Езеро, во Охрид како што вели, има по нешто за секого. Обиколки со брод, пешачење во блискиот национален парк „Галичица“ и дегустирање на локалната кујна се исто така популарни активности.

Како заклучок, авторот посочува дека иако Македонија изобилува со прекрасни градови, сепак комбинацијата на природните убавини, историското значење и архитектонскиот раскош на Охрид го прават извонредна дестинација.

„Независно дали сте љубител на историјата, љубител на природата или едноставно барате шармантно бегство, Охрид сигурно ќе ви го плени срцето и ќе Ви остави трајни спомени“, заклучува авторот на текстот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена