Поврзи се со нас

Спорт

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Објавено

на

Гостивар, 9 декември 2023 – Во премиерниот натпревар од Првата македонска фудбалска лига која се игра викендов, екипата на ФК Гостивар успеа да слави против Македонија Ѓорче Петров со минимални 1-0. Натпреварот беше дел од 18. коло, а победата беше остварена со гол на Ланре Кехинде во 89. минута, од пенал. Пред домашна публика, на Градскиот стадион во Гостивар, тимот успеа да ги освои важни три бодови по заслужена победа.

Првото полувреме беше карактеризирано со голема борба на средината на теренот, со обиди од двете страни да дојдат до гол. Кехинде имаше изгледна шанса во 11. минута, но голманот на Македонија ЃП, Христијан Стевковски, со извонредни интервенции го задржа резултатот на 0-0.

Второто полувреме продолжи со интензивен фудбал, каде гостиварци доминираа и креираа повеќе шанси. Натпреварот заврши со голема драма, кога Јаник беше исклучен поради фаул во шестнаесетникот на гостите, а потоа следуваа спорни моменти со барање на пенали за двете екипи. На крајот, по еден напад од десната страна бекот на гостиварци Дервиши беше соборен во казнетиот простор по што судијата не се двоумеше да покаже на белата точка, Кехинде со прецизен шут ги осигура три бода за ФК Гостивар.

Со оваа победа, ФК Гостивар се искачува на петтата позиција на табелата со вкупно 24 бода, додека Македонија ЃП останува на деветтата позиција со 18 бода. Екипите сега ќе се подготвуваат за зимската пауза пред продолжувањето на пролетниот дел од лигата.

Уживајте во фото репортажата:

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена