Поврзи се со нас

Живот

Прекрасни места за прошетка во гостиварскиот регион (4)

Објавено

на

Летото се уште трае и секоја шанса за излегување од дома и прошетка треба максимално да се искористи. Во ова продолжение на предлог места за посета ве потсетуваме дека гостиварскиот регион навистина има ретки бисери како на пример Мавровското езеро и селото Леуново.

Мавровско езеро

Вештачко езеро на 1.200 метри надморска висина кое освојува со својата убавина.  Долго е 10 километри, широко неколку километри, а најголемата длабочина достигнува до 50 метри. Околу езерото има асфалтен пат кој може да се искористи за обиколка на целиот Мавровски дел од националниот парк Маврово. Од сите страни над езерото се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми.

Мавровското езеро може да биде ваше прибежиште за опуштање од секојдневниот стрес и работни обврски. Ова особено важи за оние кои се вљубеници во риболовот. Локацијата е погодена за кампување и долги прошетки во пријатно опкружување. Тука ќе ја видите и потопената стара црква св. „Никола“ , која останала под вода при изградбата на езерото.

Како попознати локации за одмор околу езерото се споменуваат месноста Бојков Кладенец и Црн Камен.

Село Леуново

Сместено на источниот брег од Мавровското езеро, селото Леуново ќе ве привлече со многу свои позитивни карактеристики и природната убавина на самата околина. Селото има богата историја, се негуваат вековни традиции, но она што е посебно важно е што денешницата Леуново ја живее во постојан развој во однос на туризмот. Местото има што да понуди за секој посетител кој ќе реши тука да здивне и да ужива. Има услови за планинарење, пешачење, излети. Ако еден ден ви биде малку лесно може да најдете убаво сместување во некоја од вилите коишто се изградени и адаптирани токму за туристи.

Иако селото е доста атрактивна локација за посета во текот на зимскиот период кога изобилува со снег, Леуново е прекрасно и налето. Со климата и временските услови кои владеат, ќе ви понуди разладување и освежување кое секој го посакува на високите температури.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 9 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 13 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 15 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 17 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 18 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 19 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 20 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена