Македонија
Утре во Тетово посебен сообраќаен режим поради посета на делегација од Саудиска Арабија
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/08/polic-1.jpg)
По повод доаѓањето и престојот во Тетово на висока делегација од Собранието на Кралството Саудиска Арабија предводена од Абдулах Бин Мухамед Ал Шеикх, утре (четврток ) од 5 часот и 30 минути во Тетово ќе се воведе посебен сообраќаен режим.
Како што соопшти СВР Тетово изменетиот режим ќе се однесува и применува на улицата „Маршал Тито“ од влезот – излез на Тетово до градскиот плоштад и обратно, потоа на потегот од градскиот плоштад до крстосницата со улицата „Браќа Миладинови“ и обратно и на улицата „Браќа Миладинови“ на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до крстосницата со улицата „Ѓорче Петров“. Посебниот режим ќе се применува до 12 часот.
Во овој период се апелира до граѓаните без поголема и неодложна потреба да не се движат со нивните возила во овој дел од градот или да ги паркираат на споменатите улици, да имаат трпение и целосно да се придржуваат на наредбите и насоките од полициските службеници на СВР Тетово. Со тоа, граѓаните најнепосредно ќе придонесат да не се наруши непреченото и безбедно движење на гостите од Саудиска Арабија, и воопшто нормалното одвивање на сообраќајот во Тетово, наведуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец
-
Гостиварпред 2 месеци
Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица