Поврзи се со нас

Гостивар

Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот

Објавено

на

Со насмевка на лицето, кроток и мудар поглед и ситни, но сигурни чекори, 90 годишната Нада Трипуноска од гостиварско Зубовце денес ги пречека своите гости, кои дојдоа да и‘ направат чест како на најстар жител на селото.

Баба Нада од срце се израдува на неделната посета што ја организираше Црковниот одбор на Зубовце, затоа што „најубаво е  кога куќата е полна со луѓе, дојдени за арно“. Таков дух негува и нејзиното семејство со кое живее: синот Димче, снаата Сандра и внуците Ристе и Даниел.

„Паметот уште ме држи, фала му на Господа, да кажам добра сум. Малку студот и зимата ми пречат, ама се држам. Инаку, многу убаво си живеам, невестата ми е добра, синот, внучињата сите, немам што да речам. И внучињата од другиот син Саве ми се добри, Надица, Давор. И правнучиња имам две. Бимбериќетверсан, сите злато деца.“, рече баба Нада.

Гостите од Црковниот одбор кажаа дека со голема почит и чест доаѓаат кај највозрасниот жител на Зубовце и‘ и посакаа уште долго да ја служи здравјето. Како знак на внимание и донесоа корпа полна овошје, сокови и слично, оти „на гости не се оди со празни раце“.

„Навистина се гордееме што имаме една наша зубовчанка со 90 години, и решивме како Црковен одбор, како жители на Зубовце да и‘ направиме чест, да ја посетиме, малку да поразговараме со неа. Вниманието, особено кон луѓето во поодминати години е секогаш важно и потребно“, рече во оваа прилика Мане Јаковлески.

За тоа како живееле во младоста и како сега ги минува деновите, баба Нада кажа:

„Порано, на младост сме работеле многу, на поле копај, дојди дома молзи добитокот, греј млеко, прави сирење, урда, кашкавал, работи по куќата. Сега си лежам, си одмарам, многу сакам да гледам Македонски народни приказни и некои емисии за готвење што има, друго не ме интересира. Кафе уште си пијам сабајле, невестата ми прави јадење, си јадам колку и што душата ми бара. Мрсно не сакам, ракија, вино, пиво тоа не пијам, само по некоја голтка газирано сокче. Малку муабет, малку одмор. И така ми поминува денот. А, годините си одат како вода“

Долговечноста не е непозната за фамилијата. Зубовчанката Лилјана Трипуноска, родена 1853 година, живеела цели 117 години и тоа во истата куќа.

Интересно е уште да се напомене дека роденденот на Баба Нада се поклопува со селската слава Марена, што се одбележува на 30-ти јули.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена