Поврзи се со нас

Македонија

Православен празник Младенци, во чест на љубовта, младоста, бракот

Објавено

на

Фото: Image Haus weddings/Sydney

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде се слават Четириесете Севастиски маченици – Младенци.

Празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Обичај е на овој ден да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника. Инаку, се верува дека какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет. Именден слават Младен, Младенка, Млада…

Во минатото овој празник во Македонија го празнувале не само македонското христијанско население туку и муслиманското кое го именувало како „Султан Нефруз“. Очигледно е дека во минатото во Македонија со празникот „Свети четириесет маченици“ биле поврзани голем број обичаи и верувања. Еден дел од нив се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.

Четириесете Севастиски маченици биле римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владел со источниот дел од Римското царство, заедно со Диоклецијан, тие биле изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. Кога следното утро војсководецот ги нашол живи, ги погубил и нивните тела ги фрлил во водата за да останат непогребани. Но, три дена подоцна локалниот Севастиски епископ ги извадил моштите од водата и ги погребал.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена