ИЗБОРИ 2024
ДПТ во коалиција со ДУИ, договорот за „Европски фронт“ потпишан во Гостивар
Претседателите на Демократската партија за интеграција, Али Ахмети и на Демократската партија на Турците, Бејџан Илјаз денес во Гостивар потпишаа коалициски договор, со кој ДПТ се придружи на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ.
Во своето обраќање Ахмети меѓу другото истакна:
„22 години правам обиди за ваков фронт и после 22 години се остварува тоа. На Охридскиот рамковен договор му требаат сите заедници, тој е богатство и капитал за заедниците кои биле маргинализирани, надгласани. Охридскиот договор не само што се зајакнува со овој фронт, туку и се зацврстува како челик, никој да не може ниту да го сруши, ниту да го омаловажува. Овој фронт се гради од Албанци, Турци, Бошњаци, Роми и нема да биде само за една употреба за изборите, туку ќе биде вечен затоа што интересите се заеднички. Ќе се уверите дека ќе биде повеќе од политика, ќе биде братска соработка. Правиме заеднички обиди да ја зачлениме Северна Македонија во ЕУ, правиме заеднички обиди да ги зајакнеме документите кои се неоспорливи, Охрдскиот, Преспанскиот договор, договорот за добрососедство“.
Претседателот на ДПТ, Илјаз, рече дека потпишувањето на договорот за коалиција е историски момент.
„Денеска сме сведоци на историски момент овде во Гостивар, во градот во кој најдобро се доживува мултиетничкиот живот. Денот на потпишување на оваа коалиција, која ги истакнува карактеристиките што не‘ обединуваат, а не оние што не‘ разделуваат, е чекор напред кон нашата иднина. Карактеристиките на партиите членки на коалицијата се нивното политичко искуство и нивната вклученост во политиката во најважниот момент во државата. Преземајќи чекори кон нашата иднина, сакам да објавам голема и убедлива победа.“, рече Илјаз.
Во „Европски фронт“ предводен од ДУИ до сега се приклучија Народно движење на Скендер Реџепи-Зејди, ДПА на Мендух Тачи, Европска демократска партија на Аријанит Хоџа и партијата на Курто Дудуш.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!