Вести
Старо Чајле – Возач удрил во седумгодишно девојче и побегнал
Регистрирана е нова сообраќајна несреќа со повреден пешак. Се случила околу 13 часот во Старо Чајле.
Според информациите од полицијата, за сега непознато возило удрило во седумгодишно девојче, по што веднаш го напуштило местото на настанот. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди (фрактура на десната потколеница) и било пренесено во гостиварската болница. По укажаната лекарска помош, било префрлено на скопските клиники. По овластување на Јавен обвинител, полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. Од полицијата соопштуваат дека преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за расветлување на сите поединости околу несреќата.
Надлежните укажуваат на зачестени несреќи со повредени пешаци на гостиварското подрачје. Апелираат до возачите и до самите пешаци да ги почитуваат правилата, за да се избегнат несакани последици, особено низ улиците во населените места каде ризикот некој да настрада е голем.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!