Локални избори 2017
Меѓаши ги повика политичките партии да не ги злоупотребуваат децата во кампањата
Првата детска амбасада во светот Меѓаши од пилитичките партии побара да ја почитуват Конвенцијата за правата на детето и да ги поштедат децата од политички кампањи и партиски злоупотреби за изборни цели. Во нивниот повик се вели: „Децата не смее да бидат злоупотребени во политички маркетинг, било тоа да е сликање или снимање видеа со нив. Во 1991 година Собранието на Република Македонија ја донесе Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба. Со неа се забранува секаков вид политичка присила и организирање на децата како инструмент за политички притисок и злоупотреба и изложување на нивната физичка сигурност и здравје. Децата се иднината и надежта на една земја и треба да се мисли на нив кога се делува политички, а тоа се прави со обезбедување на подобри услови за живот, школување, здравствена заштита… а не со нивно користење за да се добијат предизборни поени, фотографирање со нив за да се добијат гласови за изборите. Тоа не смее да си го дозволи ниту еден политичар или кандидат за изборите. Затоа, бараме од политичките партии и кандидатилте на локалните избори за советници и градоначалници да ги почитуват законите и Конвенцијата за детските права“.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ