Поврзи се со нас

Вести

Полицијата со апел до гостиварските возачи: Не возете брзо и почитувајте ги правилата!

Објавено

на

Ниските температури во раните утрински и доцните вечерни часови, како и повремената магла на поширокото тетовско-гостиварско подрачје, уште повеќе ја наметна потребата од внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот, предупредува Секторот за внатрешни работи.

Токму поради пребрзо возење, влажен и лизгав коловоз и непочитување на сообраќајните знаци деновиве се случија десетина сообраќајни несреќи со телесни и тешки повреди и со значителна материјална штета. Полицијата апелира до возачите,  посебно до неискусните, непотребно да не брзаат и доследно да се придржуваат на ограничувањето на брзината, да не престигнуваат на недозволени места и да избегнуваат конзумирање алкохол кога седнуваат зад волан.

Казните за брзо возење се движат од 10 до 400 евра, зависно од тоа – колку и каде е пречекорена дозволената брзина, но се практикува и времена мерка-одземање на возачката дозвола од три до 12 месеци. Казните за непрописно престигнување, пак, изнесува од 20 до 300 евра со времена мерка, исто така, од три до 12 месеци. Возачите кои ги управуваат своите возила под дејство на алкохол ги очекуваат казниод  200 до 375 евра и времено одземање на дозволата во траење од една година.

СВР Тетово, исто така, препорачува возачите кои ќе се движат по долината на Радика да внимаваат на одрони од камења.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена