Вести
Околу 19% од мажите и 17% од жените во Македонија се дебели
Лошата исхрана и слабата физичка активност се најважните фактори кои придонесуваат за епидемијата на зголемена телесна тежина и дебелина во светот, соопшти Институтот за јавно здравје. Проблемите со дебелината се сè повеќе присутни и кај популацијата во Република Македонија. Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 62,7% од мажите и 48,4% од жените на возраст над 18 години имаат зголемена телесна тежина, а дебели се 19,6 и 17,2 проценти од нив.
Денешниот датум, 11 октомври се одбележува како Светски ден за борба против дебелината. Светската федерација за борба против дебелината оваа година го насочува вниманието кон зголемување на инвестициите од владите, професионалците од јавното здравје и давателите на здравствени услуги за справување со дебелината. Тоа значи инвестиции во превенцијата, раното препознавање и лекувањето на последиците од дебелината.
Луѓето кои имаат зголемена телесна тежина или се дебели живеат со специфичен инвалидитет и со намален квалитет на живот. Појавата на болести кај нив е поизвесна и носи ризик од предвремена смртност, предупредуваат лекарите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград