Вести
Сликарката Јана Куновска со своја изложба во Гостивар
Академската сликарка Јана Куновска за прв пат претстави свои дела пред гостиварската публика. Во Центарот за култура АСНОМ синоќа беше отворена изложбата под наслов „Фантазмагорија“ со десетина дела во голем формат, работени во мешана техника масло на платно и јаглен. Основен мотив во сликите е орелот, преку кој сликарката сака да ја претстави моќта на природата.
„Оваа изложба кон кајот на 2015-та и почетокот на 2016-та беше претставена во Скопје. Искористен е орелот, но не како симбол, туку како мотив од друга страна, да ја прикаже природата и нејзината голема моќ. И еве дојде ред да ги претставам своите слики и во Гостивар, во соработка со директорот и моите колеги уметници од тука“, рече Куновска.
Директорот на Центарот за култура Луан Зенки, на отворањето не го криеше задоволството што установата е домаќин на Јана, која е ќерка на авторот на уметничкото дело што го краси холот на гостиварскиот Центар, Спасе Куновски.
„Велат крушата под курша паѓа, а тоа го потврдува и нашата гостинка за која ни е голема чест што ја имаме овде. Може да кажам дека ова се дела со лесни фигуративни ликовни елементи при што секој елемент е на свое место“, нагласи Зенки.
Јана Куновска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, Магистрирала исто така на ФЛУ, а подготвува докторски студии на Метрополитан во Белград.
Реализирала над четириест ликовни изложби во Македонија и странство, изложувала во САД, Хрватска, Германија, Бугарија, Словенија и др.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!