Поврзи се со нас

Вести

Полициски апел: Во Маврово се очекуваат гужви, не ги оставајте возилата на патот околу езерото

Објавено

на

Во пресрет на продолжениот новогодишен викенд и празнувањата, кога се очекуваат голем број на домашни и странски гости во зимскиот туристички центар Маврово, полицијата апелира на совесност и внимателност од страна на возачите.

„Со оглед на тоа дека синоптичарите наредниве денови најавуваат снежни врнежи, особено на повисоките места, апелираме моторните возила, да не се оставаат на коловоз долж кружниот пат околу Мавровското Езеро. Така оставените возила го попречуваат брзото и ефикасно отстранување на снегот од операторите за зимско одржување и во голема мерка создаваат потешкотии во одвивањето на сообраќајот во двете насоки. На возачите, исто така, им се советува задолжително носење зимска опрема и максимална внимателност, дотолку повеќе што на одредени места патот околу Мавровското Езеро е со несоодветна широчина и поради тоа отежнато е нормалното и безбедно разминување“, стои во апелот од Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Маврово.

До сите гости кои празниците ќе ги поминуваат во Маврово се апелира и да не го нарушуваат јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје или на друг начин со цел празниците да поминат без инциденти или други несакани појави.

 

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена