Гостивар
Најубавите СМС пораки за Божиќ
Кај и да си, за Божиќ дома да си! Но, секогаш има некој кој не е покрај нас, а сакаме да биде. Затоа малото внимание никому не штети. Во продолжение следуваат неколку интересни СМС пораки за Божиќ:
1. Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!
2. Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
3. Како што бадниковиот оган се ложи,во вашиот дом среќа да се множи,нека светла ѕвезда во животот вас ве води,зашто денес е Божиќ – Христос се роди!
4. Денешниот блажен ден нека ви биде радосен!Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати.
Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.
5. Во телото здравје, во душата мир,
во мислите спокој, во срцето младост..Честит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!
6. Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а Божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов.
7. Нека божиќниот дух ти го стопли срцето, нека те одведе каде што ќе посакаш, нека ги исполни сите твои молитви и нека ти ја подари смиреноста, истрајноста и љубовта на Исус.
8. Денес простете им на оние кои ви згрешиле, подарете им љубов на најблиските, помогнете им на тажните, а на полноќ погледнете во небото – ќе видите ѕвезда што оди и тивко изговорете Христос се роди!
9. На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот