Вести
Кошаркарите на КК Гостивар го декласираа Пелистер 98:62
Одлична партија на КК Гостивар на вчерашниот меч против екипата на Пелистер. Пред полна сака “бело-сините” ја декласираа екипата на Пелистер со 98:62 по четвртини (24:18, 24:13, 29:22, 21:9).
Гостиварци доминираа од почеток до крај на натпреварот, Пелистер пружи мал отпор во прва четвртина, после серијата на домашните од 25:2 во втората четвртина битолчани до крајот на меч немаа шанса да го загрозат резултатот. Роберт Луис беше најдобар поединец нај гостите, за 39 минути на теренот постигна 18 поени.
Србиновски на овој натпревар максимално ги искористи играчите кои му беа на располагање, од 12 кошаркари поентираа дури 11 играчи. Најефикасен беше Јурај Сегариќ со 19 поени, Магдевски постигна 15, Тасовски и Зеќири по 14, Димчевски 11 поени. Немања Мишковиќ дебитираше со 8 кошеви, во стрелци се запишаа и Ре.Димитриевски 7, Ро.Димитриевски и Робев по 3, Павлоски и Мухареми по 2 поени.
Сегариќ запиша и 11 асистенции, додека кај скокачите Зеќири беше најдобар со 8 скока.
КК Гостивар останува во неизвесната борба за четвртата позиција. Во наредно коло кошаркарите гостуваат во Скопје кај екипата на Шкупи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ