Вести
Странски инвеститори сакаат да градат туристички комплекс во Маврово Ростуше
Претставници на бизнис групации од Белгија и Холандија изминатиот период во неколку наврати беа во посета на општина Маврово Ростуше за да ги разгледаат можностите за инвестирање. Градоначалникот Медат Куртовски потврди дека странците покажале интерес за инвестирање во сместувачки капацитети што ќе придонесе за развој на туризмот, но вели дека е рано да се откриваат повеќе детали.
„Преговорите се во тек, интерес има, но рано е да се каже нешто поконкретно се додека не се официјализираат работите. Наша цел како општина секако е да привлечеме странски капитал, да се отвораат нови работни места и да се привлечат странски туристи во нашиот регион. Во таа насока работиме на обезбедување на услови за тоа.“, рече градоначалникот.
На последниот состанок со бизнис групацијата се разговарало и за можни локации каде што во иднина би се реализирале нивните идеи, како и за сите административни законски процеси кои ќе мора да се поминат пред почетокот на реализација на проектот.
Иако официјални бројки околу сумата на инвестицијата нема, проценката е дека се работи за туристички комплакс од неколку милиони вера.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница