Вести
Учениците и навивачите во Гостивар посмирени – Намален бројот на инциденти
Анализите на полицијата покажуваат дека во основните и средни училишта во Гостивар се намалува бројот на нереди, тепачки и напади. Минатата година ги имало вкупно осум, што споредено со претходните години е помалку, а според надлежните и последиците биле од полесен карактер.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово нагласуваат дека јавниот ред и мир во и околу образовните установи останува еден од нивните главни приоритети
„Полициски патроли беа присутни околу основните и средните училишта, особено за време на големите одмори и смените на учениците, а таквата практика продолжува и годинава. Покрај тоа, во училиштата се реализираа и десетина превентивно-едукативни проекти, чиј носител беше Отсекот за превенција, во рамките на кои учениците поблиску беа запознати со негативните последици и законските импликации, кога станува збор за прекршоци од областа на јавниот ред и мир, користење наркотични дроги, говор на омраза и друго“, наведуваат од СВР.
Минатата година, значително биле намалени и нарушувањата на спортски натпревари. Во Тетово и Гостивар се регистрирани по два случаи, за разлика од претходната година кога ги имало вкупно 11.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!