Поврзи се со нас

Вести

Детали за акциите на полицијата – запленети над 140 кг марихуана во Маврово и на Деве Баир

Објавено

на

МВР ги објави деталите за активностите спроведени вчера насочени кон борбата против недозволена трговија со дрога. Како што веќе објавивме една од акциите се одвивала во гостиварско, поточно во Маврови Анови, близу браната.

-Вчера во Маврови Анови, во близина на браната, на патниот правец Дебар – Гостивар, по преземените оперативни мерки и спроведената акција, од слобода се лишени четири лица Е.Д. (31), Б.Р. (41), М.Р. (32) и И.Ј. (32) од село Студеничани, скопско, кои што со две патнички моторни возила марка „Ауди“ и „БМВ“  ја преземале марихуаната од Дебар и требало да ја транспортираат до Солун, за сума од 9.000 евра. Веднаш потоа, преземени се дополнителни активности на подрачјето на Дебар, при што од слобода е лишен  Р.Д. (49) од с.Блата, Република Албанија, кој на илегален премин ја внел дрогата во државата. Од слобода се лишени уште две лица од Дебар, Ѓ.Ј. (27) и Ѓ.Ј. (26), кои ја преземале дрогата од државјанинот на Република Албанија и ја предале на лицата од Студеничани- рече директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски на денешната прес конференција во Министерството за внатрешни работи.

Во овој случај, запленети се 55 килограми марихуана, со вредност на нарко пазарот од околу 150.000 евра.

Во вториот случај вчера околу 18,00 часот на Граничниот премин “Деве Баир“ од слобода е лишен М.М. (47), државјанин на Република Албанија.

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во соработка со Царинската управа, сопреле за преглед товарно моторно возило со приколка со албански национални и регистарски ознаки, управувано од приведениот. При прегледот, дрогата во вкупна количина од 88 килограми, спакувана во најлонски фолии била откриена во внатрешноста на приколката- соопшти Велковски.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена