Македонија
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
Министерството за труд и социјална политика денес информира дека од денеска сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка.
Согласно со заложбите за поддршка на самохраните родители, содржани во Програмата за работа на Владата на Република Македонија, министерката Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.
Во членот 3 од Правилникот е предвидено дека ,,Правото на партиципација во јавна установа за деца – детска градинка се остварува за дете од семејство на самохран родител (aко еден од родителите е починат или не е познат или му е одземено родителското право или ако од други причини едниот родител е спречен да го врши родителското право), со плата и други месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со закон.
Сите јавни установи за деца – детските градинки и сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната документација, наведена во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација, повикуваат од МТСП.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!