Македонија
Новиот Закон најавува построги правила за обложувалниците – ќе стават ли повеќето клуч?
Спортските обложувалници во земјава изминатите години станаа омилено свратилиште на голем број граѓани. На добар дел од нив, обложувањето им прерасна во секојдневна навика, а не се малку и тие за кои тоа не е само забава, туку се надеваат дека ќе заработат некој денар плус за семејниот буџет.
Најавените измени во законот што ја регулира оваа сфера предизвикаа бурни реакции од Асоцијацијата на спортски обложувалници, кои сметаат дека новините се премногу строги и дека ќе бидат погубни за нивниот бизнис. Измените меѓу другото предвидуваат воведување на давачка-минимален праг од 1.600 евра по уплатно-исплатно место на месечно ниво. Според Асоцијацијата оваа нова обрска ќе им ги зголеми месечните давачки за скоро 40%. Се заоструваат и условите за добивање на лиценца, која станува и поскапа, но наместо три, ќе важи шест години.
Ставот на Министерството за финансии пак, е дека со овој Закон ќе се овозможи регулација во областа на приредување игри на среќа со цел за општествена одговорност и заштита на младата популација. Така Законот предвидува одземање на лиценцата доколку во обложувалницата се затекне малолетно лице.
Забелешки и предлози по Нацрт Законот за игри на среќа може да се доставуваат до крајот на месец април.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените